Туторијал за Арена

logo

Арената е место каде што се борите со другите учесници во арената при што добивате ранк поени и во зависност од вашиот ранк добивате и бонус во евра. Но потребни се и неколку услови кои треба да ги исполнувате за да добиете бонус од арената.

Во продолжение се објаснети сите чекори за успешно учествување и добивање бонус во арената.

Arena slika1.

За да учествувате во арената потребно е оружје и енергија. Со потребното оружје и енергија можете да се снабдите на Local Market.

Arena slika2.

На сликата бр.2 е прикажано кое оружје за напад да го купувате, се со цел да имате ќар од добиениот бонус мора да купувате слаб квалитет оружје, но и тоа ке заврши работа т.е. ке ви помогне да ги добиете потребните ранк поени во арената.

Arena slika3.

На сликата бр.3 е прикажано кое оружје за одбрана да го купувате, исто така слаб квалитет (Low quality).

Значи за арената е потребно да имате оружје за напад и оружје за одбрана.

Arena slika4.

Друг услов за добивање бонус во арената е и енергија, за да добиете бонус во арената потребно е да имате МИНИМУМ 5 енергија.
Но за да направите повеќе напади и максимално да го искористите оружјето кое го купувате потребно е да имате повеќе од 5 енергија, бидејки енергијата се намалува за 10% после секој напад, а ако сте под 5 енергија не можете да напаѓате во арената.
Начинот на купување продукти кои даваат енергија се надевам ви е познат.
Енергијата се купува од Local Market, а продуктите кои даваат енергија се наогаат во секцијата Food.

ЗНАЧИ ЗА ДОБИВАЊЕ БОНУС ВО АРЕНАТА ПОТРЕБНО Е:
- 1 Оружје за напад;
- 1 Оружје за одбрана;
- 5+ енергија;
- одреден ранк во арената (во продолжение е објаснето како се борите во арената и како се стекнувате со ранк во арената).

Arena slika5.

Бонусот во арената се добива во 00:00 серверско време (23:00 наше време).
Што значи дека оружјето и енергијата потребни за добивање на бонусот треба да ги обезбедите пред 00:00 серверско време.

Arena slika6.

После 23:00 (00:00 серверско време) одете до арената преку Fight->Arena
Потребно е нападите во арената да ги завршите во првите 30-40 минути по добивање на бонусот.

Arena slika7.

На сликата бр.7 е прикажано првичното мени што го добивате по влегување во арената.
Arena Points (Тука е прикажано колку поени имате моментално во арената)
Next rank points (Тука е прикажано колку поени ви се потребни за наредниот ранк)
Search (Тука можете да пребарувате одредена група на играчи по Земја, Ранк или Име)
Под Search менито се наога листата на сите борци во арената подредени по арена ранк.

Arena slika8.

Е сега доаѓаме до делот за борењето, но прво да дообјасниме што се е прикажано на листата со борци:
Прикажано е името на борецот (mishka), земјата од каде што е (Italy),
колку поени има (Arena points 6), колку пати во денот може да биде нападнат (Attacked 0 of 1), дали моментално може да биде нападнат (Available), кој ранк е во арената (Novice), колку енергија има моментално (36.61%) и копчето преку кое можете да дојдете до слика бр.9 (Preview).

Arena slika9.

На сликата бр.9 е прикажано кој е напагачот (Вие), кој е нападнатиот (mishka), какви оружја имате моментално и какви оружја има противникот, колкав е вашиот моментален напад (Total attack: 6.55), колкава е одбраната на противникот (Total defence: 485.81).
- (ако одбраната на противникот е за пола или повеке поголема од вашиот напад, не можете да нападнете);
- (ако одбраната на противникот е за помалце од пола поголема од вашиот напад, можете да нападнете но ке загубите);
- (ако одбраната на противникот е помала од вашиот напад можете да нападнете и во тој случај ке победите и добивате ранк поени).

Значи по добивањето на бонусот (23:00 (00:00 серверско време)) одете до арената, кај листата со борци почнете од 16-17 страна и проверувајте ги сите борци кои имаат 5-6 енергија (или помалце од 5-6 енергија), доколку борецот кој го проверувате има помала одбрана од вашиот напад, тогаш нападнете, а доколку одбраната на противникот е поголема од вашиот напад тогаш проверете друг борец. Сето ова правете го додека не ги потрошите оружјето (во случајов слаб квалитет оружје кое има 5 удари, значи имате максимум 5 удари во вечер, но доколку бидете нападнати оружјето кое го имате губи 1 удар (губењето на удар не влијае на јачината на оружјето)). По искористувањето на оружјето вашето борење во арената за тој ден завршува, но битно е за следниот ден пред 23:00 да имате обезбедено 1 оружје за напад, 1 оружје за одбрана и 5+ енергија со цел да добиете бонус.

Ова е постапката која треба да ја правите секој ден со цел да сте успешен борец во арената.

Доколку по разгледување на туторијалот имате нешто нејасно слободно прашајте преку порака во играта и ке се обидам да ви разјаснам.

Tropal4o

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *