Добивање Енергија од Cuisine Product


logo

Cuisine Product е производ кој дава енергија.
Може да се сретне во три верзии.
- низок квалитет Cuisine products дава енергија 1.
- нормален квалитет Cuisine products дава енергија 3.
- висок квалитет Cuisine products дава енергија 5.

Истиот производ може да се купи на локален пазар со МКД или на глобален пазар со голд.

markets

Кликаме на локал маркет од патриотски причини и се отвара слика слична на доле прикажаната. За да се купи cuisine product треба да се направат следниве 5 чекори:
- чекор 1: се клика на food.
- чекор 2: се клика на cuisine products
- чекор 3: се бира еден од квалитетите на производот во нашиов случај се клика на High quality
- чекор 4: во просторот означен со број 4 се внесува количината на Cuisine products која сакаме да ја купиме
- чекор 5: го притискаме копчето buy.

local market cuisine q3

Доколку имаме доволно финансиски средства во МКД на нашиот профил ќе се изврши купувањето.

profil finansii mkd
Доколку немаме доволно средства ќе ви се појави следнава порака.

not_enough_money
Ако е се во ред со купувањето првиот момент ќе приметите немате зголемено енергија и првата помисла ви е дека не сте го купиле производот.
За да проверите дали сте го купиле или не ќе отидете во My inventory => Food.

my_inventory_food

Кога ке кликнете на Food во My inventory ќе ви се прикаже следнава слика.
На нејзе се гледа дека имате купено еден High quality cuisine product и дека 5 енергија ќе добиете за време 01:43:20.

food4

Енергијата се добива на секој 6 сати значи во еден ден може да употребите максимум 4 cuisine product.
Термините за добивање на енергија се по сервер време 3:15 ; 9:15 ; 15:15 ; 21:15 или по наше време (GMT+1) 2:15; 8:15; 14:15; 20:15.
При купување на cuisine product не сте лимитирани и можете да купите количина која ја сакаме. Но енергијата во дадениот термин се добива само од еден производ. На пример ако купите 4 производи со висок квалитет во сите наведени 4 термини ќе добиете по 5 енергија.

 

останати постови на оваа тема:
Продукти и Eнергија

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *